Откровение 19:1-7 MK2006D

1 Потоа чув висок глас како од многу народ на небото, кој веле­ше: „Алилуја, спасение и слава, чест и сила на нашиот Бог,

2 зашто пресудите Негови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди големата блудница која со своето блудство ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина.“

3 И повторно рекоа: „Алилуја! Димот нејзин ќе се издига во векови!“

4 Тогаш паднаа дваесет и четирите старешини и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“

5 А од престолот излезе глас, кој ве­ле­ше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои имате страхопочит кон Него, големи и мали!“

6 И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од сил­ни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Сед­р­жи­те­лот!

7 Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се при­готви!