Откровение 19:12-18 MK2006D

12 очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше.

13 И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо.

14 А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.

15 Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопокло­ниците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот.

16 На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите“ и „Господар над господарите.“

17 Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера,

18 да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“