Откровение 19:16-21 MK2006D

16 На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите“ и „Господар над господарите.“

17 Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера,

18 да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“

19 Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да војуваат против Оној Кој седеше на коњ, и Неговата војска.

20 Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се покло­ну­ваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со за­па­лен сулфур;

21 другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот. И сите птици се на­си­тија од телата нивни.