18 да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“
19 Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да војуваат против Оној Кој седеше на коњ, и Неговата војска.
20 Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се поклонуваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со запален сулфур;
21 другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот. И сите птици се наситија од телата нивни.