2 зашто пресудите Негови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди големата блудница која со своето блудство ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина.“
3 И повторно рекоа: „Алилуја! Димот нејзин ќе се издига во векови!“
4 Тогаш паднаа дваесет и четирите старешини и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“
5 А од престолот излезе глас, кој велеше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои имате страхопочит кон Него, големи и мали!“
6 И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од силни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Седржителот!
7 Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се приготви!
8 И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите.