Откровение 19:6-12 MK2006D

6 И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од сил­ни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Сед­р­жи­те­лот!

7 Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се при­готви!

8 И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите.

9 И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови!“

10 И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; покло­ни Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“

11 И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се ви­ка Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува;

12 очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше.