Откровение 19:9-15 MK2006D

9 И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови!“

10 И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; покло­ни Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“

11 И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се ви­ка Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува;

12 очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше.

13 И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо.

14 А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи.

15 Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопокло­ниците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот.