1 На ангелот на Ефеската црква напиши му: ова го вели Оној Кој ги држи седумте ѕвезди во десницата Своја, Кој оди среде седумте свеќници;
2 ги знам делата твои, трудот твој и трпението твое, и дека не можеш да ги поднесеш лошите; знам дека си ги испитал оние што себеси се нарекуваат апостоли, а не се, и дека си утврдил дека се лажговци;
3 дека имаш трпение, дека си поднесувал за името Мое и дека не си се уморил.
4 Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.