15 А имаш и некои што го држат учењето на николаитите, кое го мразам.
16 Покај се! Ако, пак, не, скоро ќе ти дојдам и ќе стапам во борба против нив со мечот на устата Своја.
17 Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите: на оној што победува ќе му дадам да јаде од сокриената мана и ќе му дадам бело камче и на камчето напишано ново име, што никој не го знае, освен оној, што го добива!
18 И на ангелот на Тиатирската црква напиши му: ова го вели Синот Божји, Чии очи се како огнен пламен, а нозете слични на усвитена бронза:
19 ги знам твоите дела, и љубовта, и службата, и верата, и служењето, и трпението твое, и дека твоите последни дела се побројни од првите.
20 Но за ова сум лут на тебе, зашто позволуваш жената Језавела, која себе се нарекува пророчица, да ги учи и мами слугите Мои да блудствуваат и да јадат идолски жртви.
21 А ѝ дадов време да се покае за блудството свое, но таа не се покаја.