24 А вам и на другите во Тиатир, што не го држат тоа учење и не ги запознаа таканаречените ‚длабочини сатански‘, ви велам: нема да ви наложам друго бреме.
25 Но држете го само она што го имате, додека не дојдам.
26 И кој победува и ги пази делата Мои до крај, нему ќе му дадам власт над незнабошците,
27 и ќе ги пасе со железен жезол; и тие ќе се строшат како земјени садови.
28 Како што и Јас примив власт од Својот Отец, нему ќе му ја дадам ѕвездата Деница.
29 Па, кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.