4 Но имам нешто против тебе, зашто ја остави својата прва љубов.
5 Спомни си од каде си паднал и покај се, и врши ги поранешните дела; ако не, скоро ќе ти дојдам и ќе го преместам свеќникот твој од местото негово, ако не се покаеш.
6 А ова го имаш: ги мразиш делата на николаитите, кои и Јас ги мразам.
7 Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на Црквите: – на оној што победува ќе му дадам да јаде од дрвото на животот што е сред Божјиот рај.
8 И на ангелот на Смирненската црква напиши му: така вели Првиот и Последниот, Кој беше мртов и еве оживеа:
9 ги знам твоите дела, скрбта и сиромаштијата – но ти си богат: и хулењата на оние, кои за себе велат дека се Јудејци, а не се, туку се сатанска збирштина.
10 Не плаши се воопшто од она што ќе треба да го истрпиш. Ете, ѓаволот некои од вас ќе фрли в затвор за да ве искуша, и ќе бидете нажалени десетина дни. Биди верен до самата смрт и ќе ти го дадам венецот на животот.