Откровение 20:3-9 MK2006D

3 потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до за­вр­шу­ва­њето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.

4 И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и ду­шите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на ра­це­те свои и оживеаја и царуваа со Хрис­тос илјада години.

5 Другите, пак, од умрените не ожи­ве­аја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение.

6 Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада го­дини.

7 А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој,

8 и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок.

9 Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта.