Откровение 20:6-12 MK2006D

6 Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада го­дини.

7 А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој,

8 и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок.

9 Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта.

10 А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк; тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови.

11 И видов голем бел престол и Сед­на­тиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде.

12 Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отво­рија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мрт­вите според запишаното во книгите, спо­ред делата нивни.