Откровение 20:9-15 MK2006D

9 Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта.

10 А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк; тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови.

11 И видов голем бел престол и Сед­на­тиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде.

12 Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отво­рија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мрт­вите според запишаното во книгите, спо­ред делата нивни.

13 Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.

14 А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт.

15 И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро.