Откровение 21:11-17 MK2006D

11 и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен ка­мен, како светол камен јаспис;

12 тој имаше големи и високи ѕидови, дванаесет порти, а над нив дванаесет ангели и напишани имињата на дванаесетте колена на синовите Израилеви:

13 спроти исток – три порти, спроти север – три порти, спроти југ – три порти, спроти запад – три порти.

14 Ѕидовите на градот имаа дванаесет темели, и врз нив имињата на дванаесетте апостоли на Јагнето.

15 Оној што зборуваше со мене имаше златна трска за да го измери градот и портите негови и ѕидовите негови.

16 Градот беше четириаголен, а дол­жината му е колку што и широчината. Тој го измери градот со трската и најде дека изнесува дванаесет илјади стадии; должината, широчината и височината негова – еднакви.

17 Потоа ги измери ѕидовите негови, што беа сто четириесет и четири лакти, со мерка човечка која е и ангелска.