Откровение 21:2-8 MK2006D

2 Тогаш јас, Јован, го видов светиот град Ерусалим, нов, како слегува од Бо­га, од небото, стокмен како невеста променета за својот маж.

3 И чув висок глас од небото како збо­рува: „Ете го светиот шатор, све­ти­лиш­тето на Бога меѓу луѓето, и Тој ќе жи­вее со нив; тие ќе бидат Негов народ, а Сам Бог ќе биде со нив – нивниот Бог.

4 И ќе ја избрише Бог секоја солза од очите нивни, и смрт нема да има веќе; ни плач, ни пискот, ниту болка нема да има веќе, бидејќи поранешното помина.“

5 И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.“ И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.“

6 Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.

7 Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.

8 А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.“