21 А дванаесетте порти беа дванаесет бисери: секоја порта беше од еден бисер; улиците на градот беа од чисто злато како проѕирно стакло.
22 Храм, пак, не видов во него, бидејќи Господ Бог Седржителот и Јагнето се неговиот храм.
23 И градот немаше потреба ни од сонце, ни од месечина за да светат во него, зашто Божјата слава го осветлува, а светило му е Јагнето.
24 И спасените народи ќе одат по неговата светлина, и царевите земни ќе ја принесат во него својата слава и чест.
25 А портите негови нема да се заклучуваат дење, бидејќи таму нема да има ноќ.
26 И ќе ја внесат во него славата и честа на народите;
27 и нема во него да влезе ништо нечисто, ни оној кој врши гнасни работи и лаже, а само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето.