Откровение 21:5-11 MK2006D

5 И Седнатиот на престолот рече: „Ете, сѐ ново создавам.“ И ми рече: „Напиши, зашто овие зборови се вистинити и верни.“

6 Потоа ми рече: „Се сврши! Јас сум Алфа и Омега, почетокот и крајот. На жедниот ќе му дадам Јас од изворот на жива вода дарум.

7 Кој победува, ќе наследи сѐ, и ќе му бидам Бог, а тој ќе Ми биде син.

8 А на плашливците и неверниците, на поганите и убијците, на блудниците и маѓесниците, на идолопоклониците и на сите што лажат, делот им е во езерото што гори со оган и сулфур, тоа е втората смрт.“

9 Тогаш дојде кај мене еден од се­дум­те ангели, што ги држеа седумте чаши, полни со седумте последни казни, ми прозборе и рече: „Дојди, ќе ти ја по­кажам невестата – жената на Јагнето.“

10 Па ме одведе преку Духот во една голема и висока гора и ми го покажа големиот град, светиот Ерусалим, кој слегуваше од небото – од Бога,

11 и имаше Божја слава; светлината негова прилегаше на најскапоцен ка­мен, како светол камен јаспис;