Откровение 22:1-7 MK2006D

1 И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како крис­тал, која истечуваше од престолот на Бога и на Јагнето.

2 Сред главната улица и од двете стра­ни на реката – дрвото на животот, што раѓа плодови дванаесет пати, давајќи плод секој месец; а лисјата на дрвото служат за исцелување на народите.

3 И нема веќе да има никакво прок­летство; престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во градот; Неговите слуги ќе Му служат

4 и ќе го гледаат лицето Негово, а името Негово ќе им биде на челата нивни.

5 И ноќ нема да има таму, и не ќе има потреба од светило, ниту од сончева светлина, бидејќи Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе царува во вечни векови.

6 И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити. Господ, Бог на светите пророци, го испрати ангелот Свој, за да им покаже на Своите слуги што ќе стане наскоро.

7 ‚Еве, доаѓам скоро; блажен е оној кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!‘“