Откровение 22:14-20 MK2006D

14 Блажени се оние што ги исполнува­ат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.

15 А надвор се кучињата, вражачите, блудниците, убијците, идолопокло­ни­ците и секој што сака да лаже и лаже.

16 Јас, Исус, го испратив Својот ангел да ви го посведочи ова по црквите. Јас сум корен и род Давидов, сјајната ѕвезда Деница.“

17 И Духот и невестата велат: „Дојди!“ И кој ќе чуе, нека каже: „Дојди!“ И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека зе­ме од водата на животот дарум.

18 И Јас му сведочам на секого кој ги слуша пророчките зборови на оваа кни­га. Ако некој нешто додаде кон нив, не­му Бог ќе му наметне казни опишани во оваа книга.

19 Ако некој одземе од пророчките зборови на оваа книга, Бог ќе му го од­земе делот од книгата на животот, и од светиот град, и од она што е напишано во оваа книга.

20 Зборува оној што го сведочи ова: „Да, ќе дојдам скоро!“ – Амин! „Да, дој­ди, Господи Исусе!“