Откровение 22:8-14 MK2006D

8 И јас, Јован, го видов и го чув ова; и кога го чув и видов, паднав за да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.

9 Но тој ми рече: „Стој, немој, зашто и јас сум слуга како ти, и браќата твои – пророци и оние што ги држат збо­ро­ви­те на оваа книга. Поклони Му се на Бога!“

10 И ми рече: „Не запечатувај ги пророчките зборови на оваа книга, бидејќи времето е блиску!

11 Кој чини неправда, нека чини неправда уште; и кој е осквернет, нека се осквернува уште; и кој е праведен, нека чини правда уште; и кој е свет, нека се осветува уште.

12 И еве, ќе дојдам скоро, и платата Моја е со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.

13 Јас сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Крајот!

14 Блажени се оние што ги исполнува­ат заповедите Негови, за да бидат достојни за дрвото на животот и да влезат во градот низ портите.