Откровение 3:14-20 MK2006D

14 И на ангелот на Лаодикиската црк­ва напиши му: ова го вели Амин, Вер­ниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание:

15 ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок!

16 Така, бидејќи си млак, а не жежок, или студен, ќе те изблујам од устата Своја!

17 Зашто велиш: „Богат сум и се збо­га­тив, и ништо не ми треба“, а не знаеш дека си беден и проколнат, сиромав, слеп и гол;

18 те советувам да си купиш од Мене злато низ оган пречистено, за да се збогатиш; и бела облека, за да се об­ле­чеш, и да не се гледа срамот на голотијата твоја, и со очна маст намачкај ги очите твои за да гледаш.

19 Оние што Јас ги сакам, нив ги ка­рам и воспитувам. И така, биди искрен и покај се.

20 Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.