Откровение 3:9-15 MK2006D

9 Ете, ќе направам некои од сатанската синагога – оние што велат дека се Ју­дејци, а не се, туку лажат, – да дојдат и да се поклонат пред нозете твои и да познаат дека Јас те засакав.

10 Бидејќи ти го запази словото на тр­пението Мое, и Јас ќе те запазам од часот на искушението кое ќе дојде над целиот свет, за да ги искуша оние што живеат на земјата.

11 Ете, доаѓам скоро: држи што имаш, за никој да не го земе венецот твој.

12 Оној кој победува, ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог, и нема веќе да излезе надвор; и ќе го напишам на него името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог, на новиот Еру­са­лим, кој слегува од небото од Мојот Бог, и Моето ново име.

13 Кој има уво, нека чуе што им зборува Духот на црквите.

14 И на ангелот на Лаодикиската црк­ва напиши му: ова го вели Амин, Вер­ниот и Вистинитиот Сведок. Почетокот на Божјото создание:

15 ги знам делата твои: ти не си ни студен, ни жежок; о, да беше студен или жежок!