1 Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се овде и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“
2 И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој.
3 Оној што седеше изгледаше како камен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд.
4 Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци.
5 И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои се седумте Божји духови;