Откровение 4:1-6 MK2006D

1 Потоа погледав, и ете, отворена врата на небото, и поранешниот глас, што го бев чул како од труба, кој зборуваше со мене, рече: „Искачи се ов­де и ќе ти покажам што треба да стане потоа!“

2 И веднаш бев обземен од духот. И ете, на небото стоеше престол, и на престолот седеше Некој.

3 Оној што седеше изгледаше како камен јаспис и сардис, а околу престолот виножито, кое прилегаше на смарагд.

4 Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци.

5 И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои се седумте Божји духови;

6 пред престолот, пак, имаше стаклено море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи: