Откровение 4:4-10 MK2006D

4 Околу престолот, пак, имаше дваесет и четири престоли; и на престолите видов седнати дваесет и четири старешини, облечени во бели алишта, а на главите светкавици, громови и гласови; имаа златни венци.

5 И од престолот излегуваа молњи, громови и гласови, а пред престолот гореа седум огнени светила, кои се седумте Божји духови;

6 пред престолот, пак, имаше стаклено море, слично на кристал; а сред престолот и околу престолот – четири животни, однапред и одназад полни со очи:

7 првото животно прилегаше на лав, второто – на теле, третото животно имаше лице како на човек, а четвртото личеше на орел во лет.

8 Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе вос­кликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“

9 А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови,

10 дваесет и четирите старешини паѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи: