8 Четирите животни имаа по шест крилја околу себе, а однатре беа полни со очи, и без прекин дење и ноќе воскликнуваа: „Свет, свет, свет е Господ Бог Седржителот, Кој беше, Кој е и Кој ќе дојде!“
9 А кога животните Му оддаваа слава, чест и благодарност на Седнатиот на престолот, на Живиот во сите векови,
10 дваесет и четирите старешини паѓаа пред Седнатиот на престолот, Му се поклонуваа на Живиот во сите векови и ги полагаа своите венци пред престолот, велејќи:
11 „Достоен си, Господи, да ја примиш славата, честа и силата, зашто Ти си создал сѐ, и според Твојата волја постои сѐ и е создадено!“