Откровение 5:1-7 MK2006D

1 И видов во десницата на Оној Кој седеше на престолот, книга напи­ша­на однатре и однадвор, запечатена со седум печати.

2 И видов силен ангел што викаше со висок глас: „Кој е достоен да ја отвори книгата и да ги скрши печатите нејзини?“

3 И никој не можеше ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, да ја отвори книгата, ниту, пак, да ја гледа.

4 И јас многу плачев, што никој не се најде достоен да ја отвори и да ја про­чита таа книга, ниту да ѕирне во неа.

5 А еден од старешините ми рече: „Не плачи! Ете, Лавот, Кој е од Јудиното колено, Коренот Давидов, победи да ја отвори книгата и да ги скрши нејзините седум печати!“

6 Погледав, и ете, сред престолот и четирите животни и сред старешините стоеше Јагнето, како заклано, со се­дум­те рога и седумте очи, кои се седумте духови Божји, пратени по целиот свет.

7 Тој дојде и ја зеде книгата од Оној, Кој седеше на престолот.