Откровение 5:6-12 MK2006D

6 Погледав, и ете, сред престолот и четирите животни и сред старешините стоеше Јагнето, како заклано, со се­дум­те рога и седумте очи, кои се седумте духови Божји, пратени по целиот свет.

7 Тој дојде и ја зеде книгата од Оној, Кој седеше на престолот.

8 И кога ја зеде книгата, четирите жи­вотни и дваесет и четирите Старешини паднаа пред Јагнето, држејќи секој од нив харфа и златни чаши, полни со темјан, кои се молитвите на светиите;

9 и пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да ја земеш книгата и да ги скршиш нејзините печати, зашто Ти беше заклан и со Својата крв нѐ откупи за Бога од секое колено, јазик, народ и племе,

10 и нѐ направи пред нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваме на земјата!“

11 Потоа видов и чув глас на многу ангели околу престолот и околу животните и старешините, а бројот им беше илјадници и милиони,

12 кои зборуваа со висок глас: „Достојно е закланото Јагне да прими сила и богатство, мудрост и моќ, чест, слава и благослов!“