Откровение 6:1-7 MK2006D

1 И видов кога Јагнето скрши еден од седумте печати, и чув едно од чети­рите животни кое проговори како со глас на грмотевица: „Дојди и види!“

2 И видов, ете, бел коњ, и на него ја­вач со лак; и Му беше даден венец, и тој излезе како победник, за да победи.

3 А кога го извади вториот печат, го чув како проговори второто животно: „Дојди и гледај!“

4 И излезе друг коњ, црвен; и на јавачот му беше дадено да го одземе мирот од земјата, та еден со друг да се убиваат; и му беше даден голем меч.

5 А кога се отвори третиот печат, чув како проговри третото животно: „Дојди и види!“ И видов, ете вран коњ, а на него јавач со мерила во раката своја.

6 И чув глас сред четирите животни, кој зборуваше: „Шиник пченица за де­нариј, и три шиника јачмен за денариј; а растителното масло и виното ќе ги нема!“

7 И кога се раскрши четвртиот печат, го чув гласот на четвртото животно кое рече: „Дојди и гледај!“