1 Потоа видов четири ангела како стојат на четирите агли од земјата, држејќи ги четирите земни ветрови, за да не дува ветар ни на земјата, ни по морето, ниту на некое дрво.
2 И видов друг ангел како се подигаше од исток кој имаше печат на живиот Бог. И тој извика со висок глас кон четирите ангели, на кои им беше дадено да ѝ пакостат на земјата и морето, велејќи:
3 „Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“
4 И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израилеви.
5 Од Јудиното колено со печат одбележани – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади;
6 од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото колено – дванаесет илјади;
7 од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади;