Откровение 7:3-9 MK2006D

3 „Не пакостете ѝ на земјата, ниту на морето, ниту, пак, на дрвјата, додека не им ставиме печат врз челата на слугите на нашиот Бог!“

4 И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на си­но­вите Израилеви.

5 Од Јудиното колено со печат од­бе­ле­жа­ни – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади;

6 од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото коле­но – дванаесет илјади;

7 од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади;

8 од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.

9 Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.