4 И го чув бројот на одбележаните со печат: сто четириесет и четири илјади беа одбележани од сите колена на синовите Израилеви.
5 Од Јудиното колено со печат одбележани – дванаесет илјади; од Рувимовото колено – дванаесет илјади; од Гадовото колено – дванаесет илјади;
6 од Асировото колено – дванаесет илјади; од Нефталимовото колено – дванаесет илјади; од Манасиевото колено – дванаесет илјади;
7 од Симеоновото колено – дванаесет илјади, од Левиевото колено – дванаесет илјади; од Исахаровото колено – дванаесет илјади;
8 од Завулоновото колено – дванаесет илјади; од Јосифовото колено – дванаесет илјади; од Венијаминовото колено – дванаесет илјади.
9 Потоа видов, и ете, големо мноштво народ, кое никој не можеше да го преброи, – од сите племиња и колена, народи и јазици; тие стоеја пред престолот и пред Јагнето, облечени во бели облеки и со палмови гранчиња во рацете.
10 И воскликнуваа со висок глас, велејќи: „За спасението наше слава на нашиот Бог, Кој седи на престолот, и на Јагнето!“