Откровение 8:6-12 MK2006D

6 И седумте ангели што ги држеа седумте труби, се приготвија да затрубат.

7 Првиот ангел затруби, и се појави град и оган, смешани со крв, и паднаа на земјата. И една третина од дрвјата изгореа, и сета зелена трева изгоре.

8 Затруби и вториот ангел – и како не­која голема гора, пламната во оган, се срина во морето; и третина од морето се претвори во крв;

9 и умре една третина од морските суштества, што имаа душа; и една тре­тина од корабите пропаднаа.

10 И третиот ангел затруби, и од небото падна голема ѕвезда, која гореше како светило, и падна врз третината од реките и водните извори.

11 А името на таа ѕвезда е Пелин. И третиот дел од водите загорчи како пе­лин, и многу луѓе умреа од водите, би­дејќи беа загорчени.

12 Потоа затруби и четвртиот ангел, и беше удрена една третина од сонцето, една третина од месечината и една тре­тина од ѕвездите, за да потемнее една третина од нив, та третина од денот, ка­ко и на ноќта, да не свети.