2 па го отвори кладенецот на бездната, и од кладенецот излезе дим како дим од голема печка; сонцето и воздухот потемнеа од димот на изворот.
3 И од димот се појавија скакулци по земјата, и им се даде власт, каква што имаат земните скорпии.
4 И им се рече да не ја повредуваат тревата по земјата, ниту какво и да било зеленило, ниту некое дрво, а само оние луѓе, кои немаат печат Божји на челата свои.
5 И им се даде не да ги убиваат, туку само да ги мачат пет месеци; и мачењето нивно беше како мачење од скорпија, кога ќе касне човек.
6 Во тие дни луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат; ќе посакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.
7 По својот облик скакулците личеа на коњи приготвени за војна: на главите нивни имаше нешто слично на златни венци, а лицата им беа како лица човечки;
8 имаа коси како косите на жени, а забите им беа како заби на лавови.