9 И имаа оклопи како оклопи од железо; а шумот на нивните крилја беше како шум на коли со многу коњи кога трчаат во војна.
10 Имаа, пак, опашки како скорпиите, а на опашките осила и им беше дадена сила да им пакостат на луѓето пет месеци.
11 И за цар над себе го имаа ангелот на бездната; името негово по еврејски е Авадон, а по грчки – Аполион.
12 Едното зло помина, еве идат уште две зла по него.
13 И шестиот ангел затруби, и чув еден глас од четирите рога на златниот жртвеник, што е пред Бога,
14 кој му зборуваше на шестиот ангел, кај кого беше трубата: „Ослободи ги четирите ангели, врзани кај големата река Еуфрат!“
15 И беа одврзани четирите ангели, кои беа приготвени за часот и денот, за месецот и годината, за да убијат една третина од луѓето.