11 на Јосија му се родија Јехонија и неговите браќа во времето на преселувањето во Вавилон.
12 По Вавилонската преселба, на Јехонија му се роди Салатиел, на Салатиела му се роди Зоровавел,
13 на Зоровавела му се роди Авијуд, на Авијуда му се роди Елијаким, на Елијакима му се роди Азор,
14 на Азора му се роди Садок, на Садока му се роди Ахим, на Ахима му се роди Елијуд,
15 на Елијуда му се роди Елеазар, на Елеазара му се роди Матан, на Матана му се роди Јаков,
16 на Јакова му се роди Јосиф, мажот на Марија, која го роди Исуса, наречен Христос.
17 И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет родови; и од Давида до преселбата во Вавилон четиринаесет родови; и од преселбата во Вавилон до Христа четиринаесет родови.