Матеј 1:17-23 MKB

17 И така, сите родови од Авраама до Давида се четиринаесет родови; и од Давида до преселбата во Вавилон четиринаесет родови; и од преселбата во Вавилон до Христа четиринаесет родови.

18 А раѓањето на Исуса Христа стана вака: кога Неговата мајка Марија беше свршена за Јосифа, пред да се состанат, се најде забременета од Светиот Дух.

19 А нејзиниот маж Јосиф, бидејќи беше праведен и не сакаше јавно да ја засрами, намисли да ја остави тајно.

20 Но штом го намисли тоа, ете, Господов ангел му се јави на сон и му рече: „Јосифе, сине Давидов, не бој се да ја земеш Марија, својата жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.

21 Таа ќе роди Син и ти ќе Му го дадеш името Исус, зашто Тој ќе го спаси својот народ од нивните гревови.”

22 А сето тоа стана за да се исполни она, што Господ го рече преку пророкот, кој вели:

23 ”Ете, девица ќе зачне и ќе роди Син, и ќе го наречат Емануел, кое преведено значи: „Бог со нас!”