1 И ги повика Своите дванаесет ученици при Себе, и им даде власт над нечистите духови да ги изгонуваат и да исцелуваат секаква болест и секаква слабост.
2 А ова се имињата на дванаесетте апостоли: првиот Симон, наречен Петар, и неговиот брат Андреј, па Јаков Заведеев и брат му Јован,
3 Филип и Вартоломеј, Тома и Матеј цариникот, Јаков Алфеев и Тадеј,
4 Симон Кананит и Јуда Искариотски, кој и Го предаде.
5 Исус ги испрати тие дванаесетмина и им нареди, говорејќи: „Не одете по пат кај народите, и не влегувајте во град на Самарјаните;
6 туку одете подобро кај изгубените овци на Израелевиот дом.
7 И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно.