16 ”Ете, Јас ве испраќам како овци меѓу волци; затоа бидете мудри како змии и безопасни како гулаби.
17 Чувајте се од луѓето, зашто ќе ве предаваат на судовите и ќе ве бичуваат во своите синагоги.
18 Ќе ве изведуваат пред управителите и царевите, заради Мене, за сведоштво на нив и на народите.
19 А кога ќе ве предадат, не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во оној час ви е дадено што треба да кажете;
20 зашто не сте вие кои зборувате, туку Духот на вашиот Татко, Кој зборува во вас.
21 А братот ќе го предаде брата си на смрт, и таткото - детето, и децата ќе станат против родителите и ќе ги убиваат.
22 И ќе бидете намразени од сите заради Моето име; но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.