21 А братот ќе го предаде брата си на смрт, и таткото - детето, и децата ќе станат против родителите и ќе ги убиваат.
22 И ќе бидете намразени од сите заради Моето име; но, кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
23 Кога ќе ве гонат во градов, бегајте во друг; зашто вистина ви велам, нема да ги обиколите израелевите градови додека дојде Синот Човечки.”
24 ”Ученикот не е над учителот, ниту слугата над својот господар.
25 Доста му е на ученикот да стане како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекоа Велзевул, колку повеќе неговите домашни!
26 Затоа, не бојте се од нив; зашто нема ништо покриено, што не ќе се открие, ниту сокриено што не ќе се дознае.
27 Што ви говорам во темнина, кажете го во светлина; и што ќе чуете на уво, прогласете го од покривите.