25 Доста му е на ученикот да стане како неговиот учител и на слугата како неговиот господар. Ако стопанот на куќата го нарекоа Велзевул, колку повеќе неговите домашни!
26 Затоа, не бојте се од нив; зашто нема ништо покриено, што не ќе се открие, ниту сокриено што не ќе се дознае.
27 Што ви говорам во темнина, кажете го во светлина; и што ќе чуете на уво, прогласете го од покривите.
28 И не бојте се од оние кои го убиваат телото, а душата не можат да ја убијат. Туку бојте се повеќе од Оној, Кој може да ги погуби и душата и телото во пеколот.
29 Не се продаваат ли две врапчиња за асариј? Па ниедно од нив не паѓа на земјата без волјата на вашиот Татко.
30 А вам ви се изброени дури и влакната на главата.
31 И така, не бојте се. Вие сте поскапи од многу врапчиња.”