29 Не се продаваат ли две врапчиња за асариј? Па ниедно од нив не паѓа на земјата без волјата на вашиот Татко.
30 А вам ви се изброени дури и влакната на главата.
31 И така, не бојте се. Вие сте поскапи од многу врапчиња.”
32 ”И така, секој кој Ме признава Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.
33 А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Татко, Кој е во небесата.”
34 ”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч.
35 Зашто дојдов да го раздвојам човекот од неговиот татко и ќерката од нејзината мајка, и снаата од нејзината свекрва,