34 ”Не мислете дека дојдов да донесам мир на земјата. Не дојдов да донесам мир, но меч.
35 Зашто дојдов да го раздвојам човекот од неговиот татко и ќерката од нејзината мајка, и снаата од нејзината свекрва,
36 и непријатели на човекот ќе бидат неговите домашни.
37 Кој го љуби таткото или мајката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене, и кој го љуби синот или ќерката, повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
38 и кој не го зема својот крст и не оди по Мене, не е достоен за Мене.
39 Кој ќе ја најде својата душа, ќе ја изгуби; и кој ќе ја изгуби својата душа заради Мене, ќе ја најде.”
40 ”Кој ве прима вас, Ме прима Мене, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил.