5 Исус ги испрати тие дванаесетмина и им нареди, говорејќи: „Не одете по пат кај народите, и не влегувајте во град на Самарјаните;
6 туку одете подобро кај изгубените овци на Израелевиот дом.
7 И одејќи, проповедајте и кажувајте дека се приближи царството небесно.
8 Исцелувајте ги болните, воскреснувајте ги мртвите, очистете ги лепрозните, изгонувајте демони; бесплатно добивте, бесплатно давајте.
9 Не набавувајте ни злато, ни сребро, ниту бакар во вашите појаси;
10 ниту торба за пат, ни две облеки, ни обувки, ни стап, зашто работникот ја заслужува својата прехрана.
11 А кога влезете во кој и да било град или село, распрашајте кој е достоен во него; и останете таму додека не отидете од него.