11 А Тој им рече: „Кој човек од вас, ако има една овца, и таа падне во саботен ден во јама, не ќе ја фати и не ќе ја извади?
12 А колку е поскап човекот од овцата. Затоа е дозволено да се прави добро во сабота.”
13 Тогаш му рече на човекот: „Протегни си ја раката!” И тој ја протегна, и таа стана здрава како и другата.
14 А фарисеите излегоа и се советуваа против Него, како да Го погубат.
15 Но знаејќи го тоа, Исус се отстрани оттаму; а мнозина Го следеа и ги исцели сите,
16 и ги предупреди да не разгласуваат за Него;
17 за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој рече: