13 Тогаш му рече на човекот: „Протегни си ја раката!” И тој ја протегна, и таа стана здрава како и другата.
14 А фарисеите излегоа и се советуваа против Него, како да Го погубат.
15 Но знаејќи го тоа, Исус се отстрани оттаму; а мнозина Го следеа и ги исцели сите,
16 и ги предупреди да не разгласуваат за Него;
17 за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој рече:
18 ”Еве Го Мојот Слуга, Кого Го избрав; Мојот Возљубен, во Кого Ми е милината на Мојата душа. Ќе Го положам Мојот Дух на Него и ќе им објави суд на народите.
19 Нема да се препира, ниту ќе вика, ниту некој ќе го чуе Неговиот глас по улиците.