20 Нема да докрши прекршена трска, ниту ќе угасне фитиљ што тлее, додека го изведе судот кон победа.
21 И народите ќе се надеваат во Неговото Име.”
22 Тогаш доведоа при Него еден опседнат од демон, кој беше слеп и нем; и го исцели, така што слепонемиот проговори и прогледа.
23 И сите мноштва се восхитуваа и зборуваа: „Не е ли Овој Синот Давидов?”
24 А фарисеите, кога го чуја тоа, рекоа: „Овој ги изгонува демоните само преку Велзевул, владетелот на демоните.”
25 Исус знаејќи ги нивните мисли, им рече: „Секое царство, разделено против себеси, запустува, и секој град или дом, кој се разделил против себеси, нема да опстане.
26 И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил против себеси, и како ќе опстане неговото царство?