25 Исус знаејќи ги нивните мисли, им рече: „Секое царство, разделено против себеси, запустува, и секој град или дом, кој се разделил против себеси, нема да опстане.
26 И ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил против себеси, и како ќе опстане неговото царство?
27 И ако Јас ги изгонувам демоните преку Велзевула, преку кого ги изгонуваат вашите синови? Затоа тие ќе ви бидат судии;
28 но, ако Јас ги изгонувам демоните преку Духот Божји, тогаш царството Божјо дошло врз вас.
29 Или, како може некој да влезе во куќа на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, и тогаш ќе му ја ограби куќата?
30 Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, растура.
31 Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Духот нема да се прости.