Матеј 12:29-35 MKB

29 Или, како може некој да влезе во куќа на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот, и тогаш ќе му ја ограби куќата?

30 Кој не е со Мене, тој е против Мене; и кој не собира со Мене, растура.

31 Затоа ви велам: секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Духот нема да се прости.

32 И ако некој рече збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но ако некој рече против Светиот Дух, нема да му се прости ниту во овој век, ниту во идниот.

33 Или направете го дрвото добро, и неговиот плод добар; или направете го дрвото расипано, и неговиот плод расипан; зашто дрвото се познава по плодот.

34 Породи змиини! Како можете да зборувате добро, кога сте зли? Зашто од преполнувањето на срцето зборува устата.

35 Добриот човек од доброто сокровиште донесува добри нешта; а злиот човек од злото сокровиште донесува зли нешта.